Профил на Фондот

ПРОФИЛ НА ФОНДОТ

Фондот е основан во јануари 1997 година како Фонд за осигурување на штедни влогови акционерско друштво Скопје, во согласност со важечкиот Закон за банки и штедилници.
Од март 2001 година Фондот е државна институција со назив Фонд за осигурување на депозити Скопје и е правен следбеник на Фондот за осигурување на штедни влогови ад Скопје.

1. Правна рамка

Закон за Фондот за осигурување на депозити
"Службен весник на РМ" бр. 63/2000, 29/2002, 43/2002, 49/2003, 81/2008 и 158/2010

 

2. Статус

Правно лице во сопственост на Република Македонија

 

3.

Членки на Фондот

Банки, филијали на странски банки и штедилници
основани во Република Македонија

Декември 2011: Вкупно 24 членки
(16 банки и 8 штедилници)

4. Основна задача на Фондот Фондот врши осигурување на депозити на физички лица.
Со осигурувањето на депозитите во банките, филијалите на странските банки и штедилниците Фондот придонесува во одржувањето на стабилноста и довербата на јавноста во банкарскиот и финансискиот систем на земјата. Со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија ќе се осигуруваат и депозитите на правни лица - мали трговци.

5.

Меѓународни
односи

Фондот е членка на Европскиот форум на осигурители на депозити - EFOD (European Forum of Deposit Insurers - EFDI), основан во октомври 2002 година. ЕФОД е асоцијација на Европските фондови за осигурување на депозити, и нејзината цел е да придонесе на стабилноста на финансиските системи преку промоција на Европската соработка на полето на осигурување на депозити.
Фондот соработува со Меѓународната асоцијација на осигурители на депозити - MAOD (International Association of Deposit Insurers - IADI) од нејзиното основање во мај 2002 година, која промовира меѓународна соработка за осигурување на депозитите.

   
 

© 2002 ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ СКОПЈЕ