Главно Мени

Забелешка. За читање на датотеки во Pdf формат потребен е Adobe Acrobat Reader. Доколку го немате инсталирано овој програм, кликнете на линкот веднаш под овој текст за да го симнете бесплатниот софтвер.


Соопштение до јавноста преку средствата за јавно информирање доставено на 01.09.2003 година:

Во согласност со измените и дополнувањата на Законот за Фондот за осигурување на депозити, Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити Скопје на својата XI-та седница, одржана на ден 25.08.2003 година донесе Одлука за утврдување на висината, начинот и рокот на плаќање на премијата за осигурување на депозитите на физичките лица во Фондот за осигурување на депозити Скопје, со која стапка на премија за осигурување на депозитите се намалува од 1% на 0,7% годишно за банките и штедилниците, членки на Фондот.
Истата се пресметува на вкупните денарски и девизни депозити на физичките лица кај банката или штедилницата, членка на Фондот.
Оваа стапка ќе се применува од месец август 2003 година.

Директор,
Јорде Крагујевски

 

 

   
 

© 2002 ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ СКОПЈЕ