|
ВИСИНА НА ОБЕСШТЕТУВАЊЕТО
Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница.
Со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 100.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница.
Под депозит на еден депонент се подразбираат вкупните депозити што депонентот ги има во една банка, филијала на странска банка или штедилница.
Во износот на обесштетувањето се пресметува главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението на гувернерот на Народна банка на Република Македонија за забрана за прибирање на депозити или за укинување на дозволата за основање и работење на банка, филијала на странска банка или штедилница.
Обесштетувањето на денарските и девизните депозити се исплатува во денари.
Фондот започнува со обесштетувањето на осигурените депозити во рок од 20 дена од денот на конечноста на решението на гувернерот на Народната банка на Република Македонија.
Во исклучителни околности, Фондот може да го продолжи овој рок за најмногу десет дена.
Во случај на сомневање дека побарувањата на депонентите на членките на Фондот произлегуваат од трансакции поврзани со перење пари или финансирање на тероризам, исплатата на побарувањата на депонентите нема да се изврши се до правосилноста на судската одлука за поврзаноста на трансакцијата со перење на пари или финансирање на тероризам.
Законски
измени за висината на обесштетувањето
|
|
|
|
|
|
|
Закон
за банките и штедилниците"Службен весник на РМ"
бр. 29/96 и 37/98
|
75%
од вкупните штедни влогови на еден штедач, но најмногу до
денарска противредност на 10.000 ДЕМ - исплата во денари
|
06.08.1998
год.
|
|
|
Закон
за Фондот за осигурувања на депозити "Службен весник
на РМ" бр. 63/2000
|
1) 100%
за депозити до 1.500 Евра,
2)
90% за депозити од 1.500 - 7.500 Евра, но најмногу до 7.500 Евра - исплата во денари
|
06.08.2000
год.
|
|
3
|
Закон
за изменување на Законот за Фондот за осигурување на депозити
"Службен весник на РМ" бр. 29/2002
|
1) 100%
за депозити до 3.000 Евра.
2) 90% за депозити од 3.000 - 10.000 Евра, но најмногу до
10.000 Евра - исплата во денари
|
14.05.2002
год.
|
|
4
|
Закон
за изменување на Законот за Фондот за осигурување на депозити
"Службен весник на РМ" бр. 43/2002
|
1) 100%
за депозити до 10.000 Евра.
2) 90% за депозити од 10.000 - 20.000 Евра, но најмногу
до 20.000 Евра - исплата во денари
|
03.07.2002
год.
|
|
5
|
Закон
за изменување на Законот за Фондот за осигурување на депозити
"Службен весник на РМ" бр. 158/2010
|
100% за депозити до 30.000 Евра, но најмногу до 30.000 Евра од вкупните депозити на еден депонент - исплата во денари.
100% за депозити до 100.000 Евра, но најмногу до 100.000 Евра од вкупните депозити на еден депонент со денот на пристапување на РМ во Европската унија - исплата во денари.
|
09.12.2010
год.
|
|