Депозити кои не се обештетуваат

ДЕПОЗИТИ КОИ НЕ СЕ ОБЕСШТЕТУВААТ

Фондот не ги осигурува и не ги обесштетува следните депозити на физичките лица:

  1. Депозити на физички лица на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката или штедилницата;
  2. Депозити на физички лица сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката или штедилницата;
  3. Депозити на членови на органите на управување на банката или штедилницата;
  4. Депозити на роднини од прв степен на лицата од точките 2 и 3, сопруг(а) и деца;
  5. Депозити кои се врзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осудуван и казната е во сила.

Во случај кога физичкото лице има обврски кон банката или штедилницата, вкупниот износ на депозитот на лицето се намалува за износот на обврските на лицето кон банката или штедилницата.

Во случај на заеднички депозит се смета дека деловите на вложувачите се еднакви ако поинаку во договорот не е определено.

   
 

© 2002 ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ СКОПЈЕ