Депозити кои се осигурени

ДЕПОЗИТИ КОИ СЕ ОСИГУРЕНИ ВО ФОНДОТ

Во согласност со Законот предмет на осигурување во Фондот се следните депозити на депоненти физички лица:

  1. денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банките, филијалите на странски банки и штедилниците основани во Република Македонија,

  2. депозити врзани за паричните картички издадени од банки и филијали на странски банки основани во Република Македонија и

  3. девизни приливи на физички лица во банките и филијалите на странски банки основани во Република Македонија.

  4. Со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија се осигуруваат и депозитите на депоненти, правни лица, кои согласно Законот за трговски друштва се сметаат за мали трговци.

   
 

© 2002 ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ СКОПЈЕ