Банките, филијалите на странски банки и штедилници основани во Република Северна Македонија се должни да ги осигуруваат депозитите на население во Фондот за осигурување на депозити
На 11 септември 2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија, Фондот за осигурување на депозити беше домаќин на регионалната средба на членките на Европскиот форум на осигурители на депозити (ЕФДИ) од Балканскиот регион.
Претставници на Фондот за осигурување на депозити одржаа средба со делегација на Светската банка на која се дискутираше за имплементацијата на новата законска регулатива за заштита на депозити, како и за можностите за понатамошна соработка.
На 27 и 28 Мај 2025 во Виена се одржа годишната конференција на Центарот за советување за финансискиот сектор на Светската банка (Financial Sector Advisory center - FinSAC) на која учествуваше и Директорот на Фондот за осигурување на депозити Бехар Емини.
Од 29 до 30 април 2025 година, Норвешкиот фонд за осигурување на допозити (Norwegian DGS/ Bankenes Sikringsfond) беше домаќин на дводневниот ЕУ комитет на Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI) кој се одржа во Осло, Норвешка.